Сртпската дива Јелена Карлеуша покрај снимањата на „Ѕвездите на Гранд“ и патувањата низ светот, редовно има настапи во Србија, регионот, па и пошироко.
Изминатиот викенд таа имаше настап во една дискотека во Нови Сад каде како и секогаш со својот сценски перформанс ја запали сцената.
Познато е дека која ја пее „Иде маца око тебе“, Карлеуша има пракса на сцена да викне некое момче од публиката на кого му ја соблекува маицата и провокативно игра пред него.
Момците на кои им се случило оваа од премногу возбуда и трема, најчесто не знаат што да прават, но последниот и тоа како знаеше.
Имено, кога му ја симнаа облеката, тој клекна пред неа и почна да и ја лиже ногата.
Кога тоа го почувствува Јелена, веднаш со раката ја тргна неговата глава. Не и беше сеедно нешто вакво, иако таа многу повеќе знае да ги „игра“ со мажите отколку тие со неа.