Изминатиот викенд во Македонската филхармонија се одржа фестивалот за детска песна со најголема традиција во земјава – „Златно славејче“.
Меѓу многуте дечиња со желба за пеење, се претстави и помалата сестричка на албанската пејачка Аделина Тахири која очигледно сака да оди по стапките на својата дадичка.
Во публиката пак, заедно со сопругот и ќеркичката Хана, беше и пејачката Тамара Тодевска која со фотографија го меморираше настапот на малата Тахири, па па постави на својот „Инста стори“.
Во дополнување на фотографијата Тамара имаше порака до својата колешка и тазе мама Аделина, па и порача:
-Аделина Тахири, боље пее од тебе, напиша Тамара, а со тоа ја поддржа малата идна пејачка која можеби еден ден ќе биде како нејзината позната сестра.
фото:инстаграм