Модниот критчар Саша Видиќ е познат дека нема влакна на јазикот, па често знае да удри по стајлинзите на личностите од јавната сцена.
Тој го оценуваше стајлингот на Ана Севиќ при гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“.
„Ништо. Досадна коса, фустан како калуѓерка од филмови за возрасни. Да не должам повеќе, оваа жена е кртка, извинете, сакав да кажам ниска“ изјави Видиќ за „Свет“.
Саша го коментираше стајлингот на Ана од пред две недели кога беше гостинка во емисијата „Амиџи шоу“, а за прилика зборуваше за поранешниот сопруг Дарко Лазиќ и сообраќајната несреќа која ја доживеа пејачот.