Радио Милева

Порано се занимаваше со кошарка, а еве што денес работи свршеницата на Вељко Ражнатовиќ

Порано се занимаваше со кошарка, а еве што денес работи свршеницата на Вељко Ражнатовиќ

Богдана Родиќ, која следната година врската со Вељко Ражнатовиќ ќе ја круниса со брак, порано се занимаваше со кошарка, а денес е вработена во приватна фирма. Малку е познато дека свршеницата на Вељко е вработена во фирмата на своите родители и тоа во делот за финансии.

-Богдана има завршено финансии и сметководство, а и нејзините посатри сестри се факултетски образовани. Најстарата Бојана завршила правен факултет, а Наташа менаџмент во медиуми, открива блиска пријателка на семејството Родиќ за српски Блиц.

Мајката на Богдана ги потврди овие сознанија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ACE ?? Српски Ас (@veljkoraznatovic) on

-Точно е тоа што сте слушнале. Моите ќерки се обрасовани и реализирани. Толку можам да кажам, вели госпоѓата Родиќ.

Инаку, Богдана и нејзините сестри веќе неколку години работат во семејната фирма, чија основна дејност е преработка на месо.

To top