Втората очекувана средба меѓу Луна Ѓогани и Слобо Радановиќ се случи вчеравечер кога пејачот беше гостин на забавата на задругарите. Слобо настапуваше прв од гостите меѓу кои беа пејачката Дара Бубамара и Ријалда, за која се шушка дека е во љубовна врска со Слобо.
-Луна ќе умре – викаше Александра Суботиќ кога го здогледа пејачот.
Тој пак, прво се поздрави со неколкуте учесници, а потоа ги запеа стиховите:
-Имам се што ќе посакам, само едно не…
Луна во тој момент влезе во просторијата и пребледе, а не можеше да верува што се случува.
-Само насмевка, нека не се гледа дека си повредена – и кажа Александра Суботиќ на Луна која ја зема јакната и сакаше да побегне, но во тоа беше спречена.
Сепак, Луна и Слобо се сретнаа кога тој го заврши настапот. Само кратко се ракуваа, а Луна потоа се тргна, а пак тој ја напушти „Задруга“.
Веројатно продукцијата очекуваше да има поголема драма, но тоа не се случи.
фото:printscreen/youtube