Пејачката Јелена Карлеуша, по нејзиниот успешен настап во Сараево и бројните гостувања и настапи по телевизиите, стигна да сними уште една емисија како член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“.
Русокосата фолк дива на себе имаше панталони, минијатурен топ и кожена јакна и веднаш штом се појави, со бујната предница ја запали насобраната толпа.

Карлеуша ги раскажа своите впечатоци од Сараево, каде што настапи по долго време и каде што, како што вели самата, била светски пречекана, што може да се види и од постираните фотографии и видеа која пејачката ги сподели на свопјот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
One night, four outfits, six TV interviews and an amazing crowd! Thank you Sarajevo!??
Јелена открила дека не би и пречело да се сними филм за неа и нејзиниот живот, а и кого би сакала од актерите да види во нивните улоги.

Нејзиниот сопруг Душко би можел да го глуми некој висок актер со залени очи, а неа… неа не би можел никој да ја одглуми, така што ќе мораат да ја ангажираат да се глуми самата себе си, изјавила „скромната“ Карлеуша!
Фото: Марко Јовановиќ / Инстаграм принтскрин