Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ одлучиле да најдат нов дом за нив и приновата, а во тоа ќе им помогне Лепа Брена.
Како што се шпекулира Лепа Брена наскоро ќе земе кредит за да купи куќа во која ќе живеат Александра и Филип.
На снимање на „Ѕвезде Гранда специјал“, Брена додека разговарала со Поповиќ открила дека ќе земе кредит.
„Каде си, што има ново?“ ја прашал Поповиќ пејачката кога влегла во просторијата.
„Еве ме Сале…Цел ден бев со Филип. Бевме да видиме за тој кредит за да купат куќа Филип и Алекандра“ изјави Брена.
Меѓутоа, Поповиќ ја предупредил да биде потивка бидејќи можат да ја слушнат новинарите, но било предоцна.
Новинарите ја прашале Брена дали навистина зема кредит, а таа одговорила:
„Полека. Уште нема да зборуваме за тоа, прво нека се вдомат, па ќе видиме што и како“…изјави Брена.