Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора Турунџиева кон крајот на летото се сврши.
По еден месец забрзани подготовки, на 28 август, Лора официјално го кажа судбоносното „да“ и заплива во брачните води со Филип Наунов.
Свадбата се одржа во еден скопски ресторан каде присуствуваа нејзините најблиски пријатели и роднини, но не и нејзиниот татко Маленко.
Во интервју за „Ексклузив“, Сузана проговори за нејзинот однос со бившиот сопруг и истакна дека не комуницираат.
„Не беше поканет затоа што Лора одлучи дека не треба да биде поканет“, изјави македонската пејачка и водителка.
Турунџиева во емисијата откри дека очекува внуче, односно нејзината ќерка Лора е бремена со своето прво дете, но се уште не го знаат полот.
„Оставивме да биде изненадување. Моето семејство навива за машко, а во семејството на мојот зет навиваат за девојче. Ќе видиме кој ќе победи. Ќе биде она што мора да биде. Се уште ситуацијата е неизвесна и оставивме да биде здраво и живо“ вели Турунџиева.