Дека крвта не е вода говори и фактот што осумнаесетгодишниот Алексеј Бјелогрлиќ се појави во сцена во училиште, исто како и неговиот татко, кој на почетокот на својата кариера во улогата на Слободан Попадиќ – Боба во серијата “Подобар живот”, каде го играше немирниот ученик.
Алексеј во “Жигосани” доби мала, но впечатлива улога на ученик кој шмекерски и се спротиставува на професорката и со тоа е веројатно ќе ја импресионира и публиката. Тој се’ уште е млад човек кој е полн со ентузијазам, па Драган го ангажирал, бидејќи малиот изразил желба сам да заработи пари за својот одмор.
Малиот Бјела во текот на летото цело време и бил од помош на екипата само за да успее да заработи за џепарлак“ – влат изворите од тимот кој ја сниомаше серијата.
Алексеј многу работел и зад камерата кога станува збор за продукцијата, за што е и најмногу заинтересиран.
Наследникот на Драган Бјелогрлиќ не е заинтересиран толку многу за глума, туку за продукција. Сепак, на момчето е амбициозно и сака да го искористи знаењето на неговиот татко, па апсорбира сè што е можно кога станува збор за светот на филмот“ – додава изворот за српски Курир.
Алексеј веќе играше во филмовите Драгана Бјелогрлиќ, во првиот и вториот дел од „Монтевидео“.
Прв пат кога младиот актер се појави на малите екрани во 2010 година ја доби улогата на малиот Тирке, а второто продолжение на оваа режисерско деби на Бјелогрлиќ тој се појавува како десет годишен фудбалер.
Алексеј се обидел и како театарски актер и застанал на сцената на белградското „Народно позориште“ во претставата „Добро помнам сè“, која е во режија на неговиот татко, по повод 70 години од фудбалскиот клуб Партизан. Таму, тој рамо до рамо игра со Предраг Ејдус, Ненад Јездиќ и Нада Шаргин.