Српската фолкерка Рада Манојловиќ спаѓа меѓи најзгодните и најатрактивните пејачки не само во Србија туку и пошироко – во регионот. А истиот тој регион таа оддамна почна да го освојува и со гласот и со стасот, односно изгледот. И ако заради добро позбатите односи, само малкумина од српската естрада можат да настапуваат во Хрватска, за Рада не беше никаков проблем да го покори Загреб.
А, кога веќе стигна таму, уште пред настапот во ноќниот клуб „Х20“, Рада ги збудале Хрватите. Имено, таа направи серија провокативни фотографии од хотелската соба, на кои српската фолк убавица го истури сиот свој сексапил, па онака доволно разголена откако ги постираше на социјалните мрежи пред настапот, им го „сврте умот“ на своите обожаватели.
На нив, во ултракусо црно фустанче испресечено од сите страни со мноштво шлицеви и реси, расната пејачка повеќе покажува отколку што покрива од своето вито тело и долгите нозе.
Напрчените пози се само дополнителна провокација… А, Рада и тоа како има што да покаже кога ќе се напрчи, па кога ќе се напрчи, на мажите „во главата им брмчи“!
Ја пијат со очи и и’ ја соблекуваат со поглед и она малку облека што разголената убавица ја има на себе.
„Блазе си му на фотографот“ – беа некои од коментарите… Но, за да нема недоумици, претпоставки и нагаѓања, Рада реши да ја разреши целата дилема, откривајќи кој стоел зад објективот што го овековечил мигот. Па така откри дека „виновна“ за жешките пози е нејзината „десна рака“, нејзината сестра Марија, која е нејзина верна сенка и без која пејачката никаде не оди и речиси ништо не прави. Или речиси ништо…
View this post on Instagram