Промотер

Мартина Митревска ја екранизираше макфестовската „Мое мило“ (ВИДЕО)

Мартина Митревска ја екранизираше макфестовската „Мое мило“ (ВИДЕО)

Мартина Митревска го промовираше спотот за макфестовската тема  „Мое мило“. За реализацијата на деби- видеото на младата пејачка се погрижила екипата од „Пирамид Продукција“.

Музиката и текстот ги создаде Ристо Самарџиев, а аранжманот, миксот и мастерингот се дело на Кристијан Габроски.

„Годинава по втор пат настапив на Макфест и многу ми е драго што испеав една среќна љубовна приказна насловена Мое мило.  Носам многу убави спомени од снимањето на видеото. Беше навистина интересно и возбудливо“ – открива пејачката која е студент во трета година на факултетот за музичка уметност.

Како звучи и изгледа овој аудиовизуелен макфестовски музички производ, проследете во продолжение:

To top