Радио Милева Пејачката „удри по своите“:

Од поддржувач на власта до нивен критизер: Тоа што ќе штедите да нема јавни настапи на македонски пејачи на Нова Година, се вика популизам, а не штедење!

Од поддржувач на власта до нивен критизер: Тоа што ќе штедите да нема јавни настапи на македонски пејачи на Нова Година, се вика популизам, а не штедење!

Последниве денови Кристина Арнаудова е активна и по кампањата „И јас сум дедо Мраз“, на нејзиното хуманитарно здружение „Проект Среќа“, чија цел е што повеќе личности од јавниот живот од 1 до 10 декември, да купат новогодишен подарок или онолку колку што можат подароци за деца до 11 години, со што ќе ги мотивираат сите граѓани, но и компаниите и институциите да го сторат истото , за тие подароци да завршат онаму каде што се најпотребни – во рацете на децата без родители или семејства од ранливите категории кои не можат да си дозволат да им купат новогодишни подароци на своите деца.

Македонската поп пејачка Кристина Арнаудова освен за хуманитарка важи и за симпатизер и поддржувач на актуелната партија на власт – СДС.

И идеолошки и со своето физичко присуство, говори и музички настапи на нивните протести, митинзи, политички кампањи… таа постојано е една од оние естрадни уметници кои не се кријат отворено да завземат страна.

Во исто време оние што подобро ја познаваат, знаат дека Арнаудова важи и за личност „без влакна на јазикот“. Така, таа често она што не и се допаѓа јавно го прозива, го коментира, критикува… најмногу на социјалните мрежи, секако, преку кои нејзините критики и изрази на незадоволство можат да допрат до најголем број луѓе.

Така, Арнаудова во еден од нејзините последни постови „удри и по нејзините“, односно по власта!  Имено, новоизбраната локална власт, која доминира во целата држава, поаѓајќи од градот Скопје и останатите градови во Македонија, решија годинава да нема јавна прослава на Нова Година на нивните плоштади. Централните манифестации и прослави се одложени, со образложение дека парите ќе одат во хуманитарни цели!

Ова како најмногу да ја погоди естрадата, особено оној нејзин сегмент кој е близок до новата власт, кој беше сигурен дека Нова Година е моментот за „загарантирана тезга“! Ама, како домашните планови, не им се поклопија со одлуката на локалните власти, незадоволството почна да станува повеќе од евидентно. Некој можеше да го задржи во себе, некој го сведе на комшиски муабети, а некои како Арнаудова, јавно го искажаа на своите профили преку социјалните мрежи.

Организација на новогодишна прослава со МК изведувачи чини колку што плаќавте превоз и ручек на комшиските пејачи. Така да тоа дека ќе штедите на Нова Година се вика ПОПУЛИЗАМ. Не ШТЕДЕЊЕ!“ – напишала пејачката во својот Фејсбук пост.

 

И не дека Арнаудова нема право! Напротив! И повеќе од тоа! Само што до лани за ваквиот статус наместо од публиката ќе добиеше аплаузи од  своите „политички ментори“, за сега истите тие кои дури правеа и паралелни прослави во скопски Центар, да се однесуваат како оние против кои се плукаше.

И годинава се’ е исто ко и лани! Прослава нема! Само што некои попусто се надеваа дека ако лавчето го замени ружичката, ќе си ја наполнат торбичката! Естрадната и овој пат остана – празна! Епа… дојде живот, или…? Среќна Нова 49-та… Пардон, 2018-та!

 

To top