Македонскта водителка Снеже Велков повторно ја гледаме на ТВ екраните. Таа се врати во телевизискиот етер со новиот проект со хумана мисија, насловен „ВИП на еден ден“, во кој, како што веќе пишувавме, таа се обидува лицата од ранливите категории или оние кои не можат да си дозволат скапи козметички третмани, фризерски, маникирско-педикирски, стоматолошки, рекреативно-спортски… или било каков друг вид услуги, третмани или парчиња облека, обувки, акцесоари… кои ги вообичаено луѓето покрај останаттото ги прават среќни и задовлни, или што би се рекло: барем на еден ден да се почувствуваат како „луѓе“, односно како вистински ВИП личности во својот живот!
Во меѓувреме, иако родум од Македонска Каменица, натурализираната скопјанка беше една од ретките јавни личности која јавно му го честиташе денот на ослободувањето на глевниот град.
„Јас ја паметам коцката на плоштад… А ти? Среќен ти ден Скопјенце“ – напишала во постот на фотографијата Велков, честитајќи му го 13 Ноември на Скопје.
Коцката ја паметиме, паметиме и кој ја извади, ама паметиме и едно многу поубаво, почисто и посреќно Скопје.
„Градот убав пак ќе никне…“ – велат стиховите од легендарната песна за Скопје на Златните славејчиња, ама како тргнало… тешко! Гледајќи ги секојдневно сликите со енормното загадување…
…нечистотијата…
…уличните кучиња…
…летоска комарците… и сл. повеќе од очигледно е дека градоначалникот Петре Шилегов е „печен“ за кај Снеже во емисија…
За да го направи Скопје ВИП барем на еден ден! А и дел од коцката што таа ја памети, пред некое време новинарите тргнаа да ја бараат кај него… во дворот на новата вила во Маврово!