Радио Милева

Стефан Величковски објави видео зад сцената на „Ѕвездите на Гранд“, а еве кој македонски пејач ќе му биде ментор

Стефан Величковски објави видео зад сцената на „Ѕвездите на Гранд“, а еве кој македонски пејач ќе му биде ментор

Пред два месеци започна новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде што има нови правила за сите учесници.

Односно, кандидатите од оваа сезона имаат ментори кои ќе ги советуваат и посочуваат во нивниот избор на песни, но и ќе ги учат како да се покажат во подобро светло.

Некои од македонските кандидати веќе се натпреваруваа и поминаа во следниот круг, а како ментори ги одбраа Марија Шерифовиќ, Ана Бекута…

Меѓутоа, за претставување во првиот круг има уште македонски кандидати,  а меѓу нив и Стефан Величковски кој не се појавува првпат во музичкото шоу.

https://www.youtube.com/watch?v=1kJf_q5IhAQ

На својот „Фејсбук“, Стефан објави кратко видео на кое покажа како изгледа снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, а додека да се емитува на телевизија погледнете во видеото подолу како изгледа зад сцената на „Гранд“.

Како, Величковски поминал и кој од жирито ќе му ментор останува да видиме.

Од друга страна, Стефан се пофали дека поддршка добил и од македонскиот победник на „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески. Величковски објави фотографија со Ристе, а во описот напиша: „Мојот нов ментор“.

Со оглед на тоа дека секој член на жирито ќе има ментор – помошник, сигурно покрај главниот ментор, Ристе ќе му помага на својот колега и пријател од Македонија.

To top