На концертот по повод одбележувањето на 100 годишнината од неговот раѓање и 70 години на неговата песна во етерот ќе настапат најдобрите македонски пејачи на народни песни: Виолета Томовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Душко Георгиевски, Благоја Грујоски, Мишко Крстевски, Круме Спасовски, Ванчо Тарабунов, Александар Тарабунов, Бубо Каров, трио „Гранде“, Захаринка Милосавњевиќ, Добрила Чабриќ, Гоце Ценевски, Елена Андонова, оркестарот на изворни инструменти и оркестарот чалгии под водство на Бајса Арифовски, народниот оркестар на „Танец“ под водство на Милан Завков…
Mузичкиот фолк спектакл кој не смеете да го пропуштите ќе се одржи 15 ноември (четврток) во салата на Македонската опера и балет со почеток во 20.00 часот.