Радио Милева

Поповиќ се огласи по приказната дека Аца Лукас е сослушан во полиција поради кражбата на неговите часовници

Поповиќ се огласи по приказната дека Аца Лукас е сослушан во полиција поради кражбата на неговите часовници

Откако во српските медиуми се појавија шпекулации дека Аца Лукас наводно е сослушан поради кражбата на часовниците на Саша Поповиќ, директорот на „Гранд“  продукција се огласи и остро ги демантираше наводите.

Како што се пишуваше во медиумите, Саша наводно на раката на пејачот го препознал часовникот кој му беше украден, поради што Лукас дал исказ во полиција.

FOTO: RAS / RAS SRBIJA

-Директорот на „Гранд“ е шокиран поради написите во одредени медиуми, кои на насловната страница донесоа вест дека Аца Лукас е сослушан во полиција поради кражбата на часовниците. Напоменуваме дека Поповиќ првпат слушна за такво нешто, и дека станува збор за ноторна лага и информација која има за цел да го наруши угледот на пејачот, се наведува во соопштението од прес службата на „Гранд“.

To top