Поп пејачката Ана Николиќ и раперот Стефан Раста одлучиле да стават крај на бракот, па посетиле адвокат за да се договорат околу разводот, пишува „Свет“.
Како што пренесува порталот, парот претходната недела ја посетила адвокатската канцеларија на Боривој Боровиќ и се договориле околу деталите за разводот.
„Успеа да се договорат за разводот, така што на Ана ќе и биде препишано целото старателство над ќерката Тара“ вели извор за „Свет“ и додава:
„Иако се шпекулираше дека ќе имаат проблеми околу имтот, сепак тие успеа да се договорат куќата која ја изградија заедно да и припадне на Тара кога ќе порасне. Ана не сакаше пари од Рата, само алиментација. Таа сакаше самиот Раста да одлучи колку пари ќе може да дава. Кога тој предложи да дава 2000 евра месечно, Ана не се противеше. Раста само бараше да ја гледа Тара кога ќе посака, а Николиќ не се спротивстави на тоа“ открива изворот.
Како главна причина за нивниот развод се наведува тоа што Ана дознала дека Раста има стан на Врачара во кој моментално живее, а од друга страна, на раперот му здосадило постојано да го фотографираат папараци во друштво на Ана. Таа ја стопираше кариерата поради Раста, но сега повторно се враќа на снимање песни, но и на свое реалити шоу.