Актерот Овен Вилсон наводно не сака да ја види својата новородена ќерка.
Медиумите пишуваат дека побарал ДНК аналаиза со која ќе потврди дека тој е татко на девојчето Лили која е родена пред три недели.
Овен, ќерката Лили ја доби од врската со поранешната девојка Варуни. Тие биле во врска пет години, иако Лили е родена пред три недели, нејзиниот татко се уште не ја видел.
Иако со синовите го признал старателството, медиумите пишуваат дека нема план тоа да го направи со Лили.
„Тоа е приватна работа и нема да ја коментирам“ изјавил претставникот на Овен за медиумите.