Јелена Ѓоковиќ сопругата на Новак Ѓоковиќ замина во Лисабон на самит. Од таму често објавува фотографии, а сега покажа во какво друштво е сопругата на тенисерот.
Јелена на Инстаграм и Твитер објави фотогорафија на која е со принцезата Беатрис од Јорка, член на кралското семејство и внука на кралицата Елизабета.
„Одлична трибина и одлична прилика да разговарме за важна тема со овие моќни дами“, напиша Јелена во описот на фотографијата.