Радио Милева

Синот на пејачот и авторот на „Пукни зоро“ пронајден мртов

Синот на пејачот и авторот на „Пукни зоро“ пронајден мртов

Марко Маринковиќ (24) синот на пејачот и авторот на „Пукни зоро“, Тома Маринковиќ е пронајден мртов во Шпанија.

Младото момче починала во недела наутро, кога по нејасни околности паднал од терасата во хотелот „Al Jusana“ каде што бил сместен со уште неколку студенти од Србија како дел од програмата „Еразмус“.

По завршените студии во Србија, Марко во Шпанија заминал на едукативно подобрување.

Несреќата се случила во 10часот наутро. Според локалните медиуми, Марко останал сам во собата, а неговиот цимер заминал на појадок. За сега, не е познато дали станува збор за самоубиство или несреќен случај.

To top