Радио Милева откри тајна

Драгана Мирковиќ 18 години по денот на венчавката: „Бев среќна, а сепак тажна што моето семејство не присуствуваше на венчавката… а еве и зошто!

Драгана Мирковиќ 18 години по денот на венчавката: „Бев среќна, а сепак тажна што моето семејство не присуствуваше на венчавката… а еве и зошто!

Драгана Мирковиќ се омажи со сопругот Тони во 2000-та година, а среќните маладоженци на за нив големиот ден не ги симнуваа насмевките од своето лице.
Сепак, како што истакна фолк пејачката, на нејзината венчавка сепак нешто недостасувало… нешто што многу и фалело.

„Кога ме побара, реков “ДА” и дома испратив само една фотографија на која сме јас и Тони. Склопивме брак   во општината, направивме скромна прослава. Беше тоа време на санкции, никој од моето семејство не можеше да дојде бидејќи не можеа да добијат виза.  Тони е австриски државјанин од раѓање, ама јас не сум, и затоа  не можев да обезбедам  визи за моето семејство, за татко ми, мајка ми, сестра ми. И поради тоа имавме само скромен број на  гости“ – изјави неодамна  Драгана, додавајќи:

„Дури и од семејството на Тони не можеа да дојдат сите. Така што бевме едвај дваесеттина од нас, но без оглед на тоа,  за мене беше  најубавото и и најромантична свадба, бидејќи јас сум искрено вљубена и сакав само да бидеме среќни… За мене во тој момент тоа беше доволно, иако навистина семејството ми недостигаше“ – откри неодамна Драгана.

To top