Во новата емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите На Гранд“, настапуваше и шеснесетгодишниот скопјанец Дамјан Димевски.
Тој се претстави со песните „Море, сокол пие вода на Вардарот“ и „Дрска жено плава“.
По неговата изведба, Дамјан доби два гласа и тоа од Ана Бекута и новиот член на жирито, Џорџе Давид.
Бекута имаше пофални зборови за младиот скопјанец.
„Прекрасен си, талентиран си, морам да кажам. Емотивно пееш, поради тоа го имаш мојот глас. Се обиде да се докажеш во два музички правци. Тоа зборува за твојот музички вкус кој е за пофалба. Но, се откажувам поради твоите години“, изјави Ана и го повлече својот глас и одби да биде му биде ментор на Дамајан.
Од друга страна, Џорџе го потврди својот глас и прифати да го советува нашиот Македонец.
„Од првата песна се воодушевив и си реков: Мора да е дете. Но, со втората песна како да се покажеш што знаеш на нас што седиме зад ѕидот. Многу ми е драго што имааш шеснаесет година многу супер изгледаш и пееш“, вели музичарот.
Како Џорџе ќе го подготви Дамјан и како ќе се претстави во вториот круг останува да видиме.
https://www.youtube.com/watch?v=-uXW8jlnbgs&t=617s
n
foto: printscreen