Радио Милева

Анета Молика проговори за товарот на професијата

Анета Молика проговори за товарот на професијата

За битолска група „Молика“ и познатата пејачка Анета, турнеите преку океанот како и настапите на домашен терен се во константна динамика години наназад.

Анета во изјава за порталот „Убавина и здравје“ вели дека во музичката фела оние што вредно, квалитетно и посветено работат, имаат задоволителен фитбек со кој тие може да се пофалат.

Деновиве повторно се на турнеја во Австралија каде и тоа како се очекувани од нашинците во дијаспората.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aneta Micevska (OFFICIAL) (@anetamicevska) on

Сепак, Мицевска вели дека до успехот не се доаѓа така лесно, а тоа го почувствувале и на сопствен грб.

Патот кон успехот е трнлив, тоа го знаеме и го имаме почувствувано на сопствена кожа, но со труд, љубов, посветеност и работа сите препреки можат да се срушат, во тоа сме сигурни. Најбарани сме, а тоа е така затоа што сме неуморни. Понекогаш доаѓаат и моменти кога сум уморна или болна и не можам да пеам, но во ниту еден момент го немам откриено тоа. Се појавувам на бина и професионално и до крај си ја извршувам работата. Тоа е товарот на нашата професија, но јас не се жалам, вели Анета за „Убавина и здравје“ и додава дека за пензионирање се уште е рано, бидејќи допрва следуваат нејзините пет минути.

To top