Радио Милева

„Многу ги сакам песните на Цеца“: Јелена Карлеуша јавно ја пофали Ражнатовиќ

„Многу ги сакам песните на Цеца“: Јелена Карлеуша јавно ја пофали Ражнатовиќ

Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша со години се во лоши односи. Карлеуша секогаш имаша лоши зборови за фолк пејачката поради што завршија и на суд.

Меѓутоа, овојпат Јеца имаше пофални зборови за Ражнатовиќ, а тоа изненади многумина.

Имено, во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, коментирајќи го настапот на Кристина Видановиќ, Јеца го пофали гласот и песните на Цеца.

„Многу ги сакам песните на Цеца и како пее, а ги пишуваше жената која ја направи мојата кариера, Марина Туцаковиќ“, изјави Карлеуша.

„И ние ја поздравуваме“ додаде Поповиќ.

„Почит за сите тие песни кои би ги пеела на моите настапи, но поради одредени причини не го правам тоа. Но, песните како песни се врв“,  изјави Карлеуша.

To top