Дарко Лазиќ се уште е во кома од сериозните последици од тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа пред неколку дена. Тој се наоѓа на интензивна нега во Клиничкиот болнички центар Земун, каде што е во тек неговото закрепнување.
По итната операција на која на пејачот му беше извадена слезината со што лекарите успешно го запреле внатрешното крварење, состојбата на Лазиќ е стабилизирана, но поради севкупната ситуација во која се наоѓа, се’ уште е критична.
Сепак, лекарите засега не можат ништо да направат по ова прашање, бидејќи тоа е се уште рано и ризично, по првата операција.
Дарко досега била во можност да го види само Ана Севиќ како негиова се’ уште законска и легитимна сопруга, но бидејќи нивниот развод е во судска постапка, наместо пејачката, од денес ќе може да го видат само неговите родители, мајката Бранка и татко му Милан.
Во меѓувреме голем број негови пријатели, роднини, другари и колеги постираат фотографии и текстови со поддршка и желба за брзо закрепнување на пејачот.
Така, Јелена Карлеуша се потсети на неодамнешната средба со пејачот, па таа тоа го сподели на Твитер.
„Во неделата се враќав од Германија со истиот авион во кој беше и Дарко. Бидејќи сум вообразена, минав покрај него пред полетувањето, без поздрав.Влегов во авионот и почна да ме гризе совеста, па по стјуардесата, на Дарко, Дара и Раста им испратив по едно шише вино за време на летот. Кога слетавме убаво се поздравивме“ – пишува Карлеуша на Твитер.
За жал, два дена подоцна се случи страотната сообраќајна несреќа по која Дарко Лазиќ се’ уште се бори за својот живот!
Фото: АТА имиџис/Марко Јовановиќ