„Кога никој не слуша, можеби е време да зборуваме потивко. Свету, ова е ’Крик’, паметно гласен, разбирање и љубов“, вака скопското трио „Фанк шуи“ го претстави својот нов сингл и видео насловени „Крик“.
Автори на музиката и стиховите се самите членови на бендот, а продукцијата им е заедничка со Бен Милчев, чиј потпис стои и на миксот и мастерингот, додека снимањето се одвиваше во студијата „Подрумот“ на Ангел Ќосев и „Тралала“ на Мите Димовски.
Ексклузивците на „Авалон продукција“ – Лука, Давид и Михаил се погрижија и за визуализацијата на „Крик“.
Реализацијата на видеото ја потпишува Томи Акимовски кој се потпишува под псевдонимот: лелеТоми, (инаку познат по режијата на новите видеа на „Дупер“ и Наско Џорлев), заедно со самите членови на бендот.
Како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение.