Како што пренесуваат српските медиуми, Ана Николиќ и Стефан Ѓуришиќ Раста одлучиле да ставаат крај на нивниот брак. Луѓето што ги познаваат тврдат дека тоа е брак на двајца млади тинејџери.
Тие откриваат дека реалното шоу кое Николиќ планира да го снима, а во кое покажува како ослабела било главна причина за последните кавги, а потоа раперот го напуштил домот.
„Откако првпат се разделија, Ана и Раста често се караат и смируваат. Овојпат се скараа за реалното шоу на Ана и се изгледаше како недоразбирање. Раста мисли дека не и треба таков вид на експонирање, не сфаќа зошто пред сите да зборува за здравствените проблеми и да шета по долна облека со вишок на килограми, Ана тоа го сфати како напад на неа, иако знае дека не е искомплексирана и дека често се шегува на своја сметка. Ана полуде и мислеше дека Раста ќе се срами од неа, се скараа и не бираа зборови. Потоа, Раста замина од станот“,вели извор близок на парот.
Според изворот, Ана и Раста многу се сакаат, но едноставно не можат еден со друг.
„Парите кои планираше да ги вложи во реновирање на домот, ќе ги вложи во продукција. Станува збор за огромна сума на пари и Раста и рече добро да размисли бидејќи тој проект не е евтин. Нејзиниот тим работи на целиот проект, а снимањето започнува наскоро“, вели изворот.
Иако, неколку пати се караа и помируваа, Ана и Раста не се огласија за последната кавга.