Мегафон

Виенскиот класичен оркестар со предновогодишен концерт во Скопје

Виенскиот класичен оркестар со предновогодишен концерт во Скопје

На 7 декември 2018 година во Македонската филхармонија ќе се случи вистински светски музички настан за паметење. За првпат љубителите на класичната музика добиваат можност во живо да ја почувствуваат музичката магија, која низ светот ја шири единствениот Виенски класичен оркестар (Vienna Classic Orchestra).

Оркестарот е основан во 1998 година, кога најзначајните солисти на неколку класични формации во Виена решаваат да го постават почетокот на најелитниот, врвен оркестар кој ја фасцинира публиката со настапите низ целиот свет. Овие врвни музичари се членови на Виенската филхармонија. Овој прекрасен  настан дефинитивно ќе го означи почетокот на празнувањето на новогодишните празници.

Картите за ќе бидат пуштени во продажба одчетврток (25.10.2018 год.) и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, „1/2 Југотон“ и во цвеќарницата „Розе“ – Веро 2.

To top