Радио Милева неразделни...

Кој и на што му е љубоморен на водителот: Еве со кого спие Ване Марковски!? (ФОТО)

Кој и на што му е љубоморен на водителот: Еве со кого спие Ване Марковски!? (ФОТО)

Ване Марковски е познат како голем љубителл на природата, заговорник на здравата исхрана, фитнесот  и здравиот живот, но она што можеби не сте го знаеле за  радио и ТВ водителот е дека е исто така и голем љубител на животните.

Особено домашните миленичиња му се слабост, па затоа Ване кој живее сам во својот нов дом во скопските  Џеваир облакодери, реши друштво да му прави едно кученце. Имено, според информациите, Ване истото го спасил од улица, каде што кутриот пес бил оставен во очајно лоша состојба.

Откако го прибрал, го нахранил и однел на ветеринар за да го излечи, по успешната операција на спасување и рехабилитација, покрај креветот, сега неговиот Буби му е најверниот четвороножен пријател на водителот.

Патем, љубимецот на Ване сега живее удобен живот и во секоја прилика е покрај својот месија, кој му подари втор живот – многу подобар и посигурен околку оној скитничкиот од улица.

Само што сега наместо песот, Ване има проблем. Бидејќи Буби не се дели од него ни кога Ване ќе си легне, откако се прочу дека заедно спијат, поединци почнаа да се однесуваат како во песната на групата „Пеперминт“ која вели: „Љубоморен сум на твоето куче“!

Кои се тие, само Ване знае… Знаат и тие, ама ако! Се додека како кучето на Ване нигде нема друго – не барем за него, ним им останува само љубомората од сознанието: со кого тоа спие водителот!?

Ние – колку да Ве потсетиме на приказната од песната, во која самите тие си се препознаваат!

 

 

 

To top