Кристина Kија Коцкар ја напиша својата автобиографија насловена “Мојот потпис”. Во неа можат да се најдат многу познати и непознати детали за нејзиниот живот, но една мачна сцена која ја гледала е особено впечатлива и на пејачката длабоко и се врежала во сеќавање, така што никогаш не можела да ја заборави. За неа виновник е нејзиниот сега покоен татко Милош Коцкар, кој пред нејзините очи, како што вели таа, дивјачки ја претепал мајка и Надица Зељковиќ!

Kија објаснува, како што може и да се прочита во книгата до која редакцијата на српски Телеграф дошла пред таа официјално да се појави продажба, сето започнало со расправија на Надица и Милош пред неговиот ресторан. Расправијата преминала во семејно насилство кога Милош, како што е наведува Кристина, ја удрил мајка и, а потоа насилно ја турнал кон хаубата на автомобилот и почнал брутално да ја тепа.

Kија изнесува детали во кои вели дека мајка и била толку брутално претепана што и пукнале очилата, а таа иако малечка, се обидувала да ја одбрани така што својот татко го удирала со сета сила со тупаници за да го одврати од насилството.

Како што објаснува во својата автобиографија, мајка и Надица и татко и Милош подоцна продолжиле да комуницираат, но нивната врска никогаш повече не била иста. Исто така, Киа објасни дека таа никогаш подоцна не се осмелила да разговара со нејзината мајка на оваа тема.
Фото:Никола Томиќ