Радио Милева Смеа и солзи, носталгија и емоции:

Во новиот спот “Зар је важно дал се пева или пјева?” Лепа Брена го врати времето назад

Во новиот спот “Зар је важно дал се пева или пјева?” Лепа Брена го врати времето назад

Лепа Брена го промовираше видеото за новата песна “Зар је важно дал се пева или пјева?”, кое ги буди најубавите емоции.   Оваа песна, потсетува на времето кога фолк ѕвездата беше дел од групата “Сладок грев”, во која и се здоби со слава.

Она што е интересно е дека Брена ги собрала членовите на тимот  предводен од Саша Поповиќ. Единствениот член кој недостасува, е оној што веќе не е меѓу живите. Се работи за легендарниот Лепи Бора, кој почина во 2014 година, а чија насмеана фотографија провејува низ целото видео.

Оние кои спотот  дополнително “го зачиниле” со свето присуство исто така се фантастичните актери Никола Којо и Драган Бјелогрлиќ.

Во видеото уште сепојавуваат грст познати лица како:  Емир Хаџихафизбеговиќ, Енис Бешилагаќ, Саша Петровиќ, Ката Томовиќ, Тамара Драгиќ, Николина Ковач, Слаѓана Мандиќ, Денис Дервишкадиќ, Един Ел Алами, Душко Крковиќ и Драган Брајовиќ Браја… кој го напишал текстот  и ја компонирал музика за песната.

Инаку, таа е само најава за новиот албум и документарниот филм за легендарната балканска фолк ѕвезда, кој наскоро ќе биде претставен во јавноста. Бидејќи видеото е и духовито и емотивно, нема сомнеж дека обожавателите на Брена и ќе се смеат, но и ќе заплачат, гледајќи го.

To top