Радио Милева остана доследен на зборот

На Андреј – ДНК таа му е најмила и само таа знае како… да го тетовира (ФОТО)

На Андреј – ДНК таа му е најмила и само таа знае како… да го тетовира (ФОТО)

Летото заврши, ама не и настапите и активностите на македонските музички ѕвезди. Така, ДНК постојано имаат настапи, а меѓу деве „тезги“, наоѓаат време и за себе и своето семејство.

Андреј на пример, успева да стигне насекаде. Прво на местото каде што се чувствува најраат – во студиото на Lазар Цветковски, каде очигледно постојано се крчка нешто ново за многумина, а очигледно и за ДНК.

Откако го усогласија штимот со композиторот, пејачот побрза до Куманово и  кумановско Старо Нагоричане, зашто обраното грозје не може да чека. Дилемета е само, што да sе прави? Вино или ракија? Или двете?

Откако со дужината убаво „го изгазија“ грозјето, Андреј побрза дома, зашто имаше  голема прилина и убав повод за тоа. Годишнина од бракот на тој датум и таа година е само тогаш! Затоа правец со поубавата половина во еден скопски паб на мезе, салата и пивце! Јубилејот треба да се одбележи вака некако надвор, а за „второто полувреме“ – дома… Прашајте го него!

И во сите тие работни обврски и животни уживања, едно нешто му причинува најголемо задоволство. А како и не би, кога на Андреј таа му е најмила, зашто само таа знае како… Или барем најмногу умее со него! И затоа тој се и дозволува… Па дури и да го тетовира!

А малата Јана не му ја мислеше многу, па го зема пенкалцето за да му нацрта на тато нешто, што ќе му се допадне?! Тетоважа по свое, која сакал неќел, Андреј ќе мора да ја носи на грбот… до првото влегување под тушот!

„Ќерка ми е единствената жена на која ќе и дозволам се во животот“! – изјави во една прилика Андреј… и си остана доследен на зборот!

 

To top