Радио Милева

Кира Најтли против Кејт Мидлтон: Актерката упати остри зборови кон војвотката

Кира Најтли против Кејт Мидлтон: Актерката упати остри зборови кон војвотката

Англиската војвотка Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам наиде на жесток напад. Имено, актерката Кира Најтли во есеј под наслов „Понежен пол“ ја нападна принцезата, пишува Yumama.

Медиумите пренесуваат дека Кира тврди како Кејт претставува погрешна слика за жените во јавноста и при тоа мисли на ситуацијата кога Кејт целосно средена излезе од болницата само неколку часа по третото породување.

FOTO: PROFIMEDI

-Излезе од болница само седум часа по породувањето, со шминка на лицето и на високи потпетици. Се покажа баш каква што сакаше светот да ја види, напиша Актерката која својата ќерка ја роди еден ден пред Кејт да ја роди принцезата Шарлот. Нејзе и пречи што Кејт дава лажна слика за жените кои штотуку се породиле.

-Само ти сокривај ја нашата болка, нашето растурено тело, гради од кои тече млеко, здивени хормони. Изгледај преубаво, биди дотерана, не ја покажувај својата битка, Кејт. Седум часа откако се бореше на живот и смрт, не покажувај, не зборувај. Стој таму со ќерката и позирај пред фотографите, беше остра Кира кон Кејт Мидлтон.

To top