Радио Милева формула за среќен брак

Тошиќ на Карлеуша и купи куќа од 2,5 милиони евра: Секој ќе се капе во своја бања и ќе оди во свој тоалет! (ФОТО)

Тошиќ на Карлеуша и купи куќа од 2,5 милиони евра: Секој ќе се капе во своја бања и ќе оди во свој тоалет! (ФОТО)

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ купија куќа во Белград, за која фудбалерот, како штосе слуша, дебело го одврзал ќесето и платил околу два и пол милиони евра, пишуваат српските портали!

Јелена ги потврдила овие информации со духовит коментар.

„Купивме многу убава нова куќа. Наскоро се селиме таму, ја средуваме, ни треба нов мебел од странство. Многу сум му благодарна на мојот сопруг, бидејќи сите што ги заработив, го потрошив на облека“ –  духовито прокоментирала Јелена.

Додека тие го средуваат, медиумите веќе дознаваат дека новиот дом на Карлеуша и Тошиќ има дури пет бањи и огромен двор, а што е најинтересно Јелена и Душко имаат секој своја бања и тоалет, бидејќи тоа е, како што вели Карлеуша „тајната на среќниот брак“. Во новиот дом на Дедиње, Јелена и Душко влегуваат кон крајот на ноември.

To top