Поранешниот фудбалер во едно интервју за австралиска телевизија прозбори за односот со Викторија.
Тој призна дека понекогаш односот со Викторија е многу тешка работа.
„Работите стануваат комплицирани кога двајца се многу време заедно“ вели фудбалерот.
„Кога сте во брак толку време одржувањето на односите секогаш е тешка работа“, вели Дејвид.
Пред некое време започнаа гласини дека Дејвид се разведува од Викторија бидејќи со семејството не се појави на насловната страница на Вог.
Парот се венчаше во 1999 година и заедно имаат четири деца.