Огнен Здравковски го претстави видеото за својата нова песна насловена „Разбуди ме“, која е авторско дело на композиторот Григор Копров, аранжерот Владимир Дојчиновски и текстописецот Огнен Неделковски.
Снимена во прекрасниот Охрид, визуализацијата ја реализираше продукцијата „НТ ентертејнмент“, под режисерската палка на Ненад Јаковљевиќ, а на Огнен друштво му прави колешката Анастасија Аврамовска, чија кариера исто така е во нагорна линија.
„Ииии драги пријатели со голема чест и задоволство ви го претставувам мојот нов спот за песната “Разбуди ме”. Слушнете и погледнете, се надевам дека ќе ви се допадне!“ – напишал Оги претставувајќи го видеото на социјалните мрежи.
Младиот пејач, кој со темата „Солза“ настапи на неодамна одржаниот „Макфест 2018“, викендов настапи и на фестивалот „Златен костен“ во Петрич, соседна Бугарија, каде што ја освои наградата за најдобра сценска изведба.
Наградата ја доби токму за изведбата на темата „Разбуди ме“, а како изгледа нејзиното официјално видео дознајте во продолжение.