Кога станува збор за родендените, сите им се радуваме и ги одбелжуваме на накој начин.
Македонската водителка Лила Филиповска вчера го прослави својот 47 години. По тој повод таа доби грст честитки на социјалните мрежи од нејзините пријатели и соработници, следбеници.
По повод нејзиниот роденден, водителката на „Се или нешто“ ги собра своите најблиски пријатели и синот Филип, па заедно прославија во еден скопски ресторан.
Лила на својот „Инстаграм“ се пофали од роденденската атмосфера, па според приложеното може да заклучиме дека Филиповска одлично поминала.
фото: Инстаграм