Целиот регион е завиен во црно поради заминувањето на Милена Дравиќ, женската актерска легенда на југословенското и српското глумиште.
Од Милена наголемо се простуваат познатите личности, како нејзините колеги – актери, така и познати водители, пејачи…
Лепа Брена, на нејзиот “Инстаграм” профил, објави видео снимка на која пејачката ја изведува песната “Песна народна”, во која се појавуваат Милена Дравиќ и нејзиниот пред две години порано починат животен сопатник и партнер на сцената, Драган Николиќ.
Во видеото што потоа беше снимено за РТС, Драган ја гушка и теши Милена плачејќи, додека таа лупи и сече кромид.