Мегафон Под мотото „Од сон до јаве“:

25-ти фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола

25-ти фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола

ФАДФ „Камера 300“ годинава ќе се одржи на 27-ми и 28 октомври кога официјално ќе се вреднува трудот на филмските аматери, истакна Стевче Хаџиантоновски, претседател на ФАДФ „Камера 300“-Битола.

– Оваа година пристигнаа и се во конкуренција 42 филма од 12 држави. И оваа година филмовите ќе ги оценува интернационално жири во состав Стефан Сидовски, претседател, Станимир Трифонов од Бугарија,  Владимир Анѓелковиќ од Србија, Јосип Грозданиќ од Хрватска и Мишо Нетков од Македонија. Жирирањето веќе е во тек, потврди Хаџиантоновски.

Според востановената традиција, на ФАДФ „Камера 300“ ќе се доделат гран-при плакета „Милтон Манаки“, златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, плакета за најдобра камера, идеја и монтажа, плакета за најдобра режија „Драги Савевски“, награда за најдобра репортажа и награда на Уника.

To top