Големата српска актерка Милена Дравиќ на 79 години почина во Клинички центар во Белград.
Уметниците од музичка и филмска сцена од регионот со статуси на социјалните мрежи се простуваат со познатата актерка.
Меѓу нив и нашата водителка Ирена Спировска која на својот „Инстаграм“ сподели фотографија со напис „Не си ти дама кога сиромашниот ќе ти каже дека си убава, туку кога џентламен ќе замолчи пред тебе“, објави водителката во знак на последен поздрав на Дравиќ.
Поп дивата Калиопи Букле на „Инстаграм“ во описот на фотографија од Милена напиша:
„Заминуваат најдобрите, Беше и засекогаш ќе остане. Милена Дравиќ“,
Во актерската кариера снимаше 90 филмови, а нејзини најпознати улоги се во филмовите „„Утро“, „Козара“, „Битката на Неретва“, „Работа на одредено време“, „Татко на службен пат“, „Секула повторно се жени“, „Не е лесно со мажите“, „Зона Замфирова“…
Таа е една од најголемите актерки во Србија и поранешна Југославија.