Како минува времето откако СДС и неговата коалиција дојдоа на власт, од ден на ден, се’ повеќе нивното политичко мото: „Дојде живот“ станува животно мото! Ама, само за самите нив и нивните најблиски од опкружувањето. За останатите за жал, па дури и за повеќето од нивната опција и она малку живот што го имаа пред тоа, полека исчезнува, испарува, го снемува…
И сето тоа заради катастрофалните политики, очајната политичка клима во земјата, длабоката поделеност на народот и општеството, мизерниот стандард, монтираните судски процеси, лажните обвиненија, злоупотребата на корумпираното судство и неуставното СЈО, предавничките и капитулантски договори со соседите, на самобендисаните владетели и нивните вазали… Впрочем, заради илјадници други нешта што ја прават сликата на мозаикот наместо појасна, се позаматена, зашто низ замгленото, матно и валкано стакло однадвор тешко или никако не може да се види што се случува внатре!
А внатре, колку на оние надвор повеќе им се стемнува, толку на оние одвнатре што им го гасат светлото на останатите, им станува се посветло, попријатно и поубаво… Ним и на нивните најблиски.
И додека земјата минува можеби низ најтурбулентните денови од нејзината независност, Република Македонија „се крши“, дали ќе ја биде или не, ќе опстанеме и останаме монолитна нација или ќе не продадат на парчиња спакувани под друга етиката, токму најблиските во семејствата на заговорниците на ваквата политика, нескајќи си го покажуваат вистинското лице: колку им е до Македонија!
Додека мнозинството од македонските граѓани стравуваат за иднината на своите деца, за нивната егзистенција и живот во годините што доаѓаат, децата на оние за кои „дојде живот“ животот си го тераат „око да не им трепне“ за реалноста во која живеат останатите! Нив тоа не ги допира зашто семоќниот тато или чичо заедно со нивните послушни полтрони ги имаат работите под контрола, а банкарските конта под сигурен клуч.
Така по принципот: „има се, може се“, додека повеќето мизеруваат, тие уживаат, лудуваат, се забавуваат, шетаат по светот на најегзотичните дестинации… А, нивните „моменти за паметење“ освен социјалните мрежи, со воодушевување и гордост ги пласираат на своите насловни страници и „независните“ и „слободни“ медиуми!?
Така неодамна истите пренесоа каде тоа летува Ева Заева, заедно со своето момче Душко, синот на олигархот Чифлиганец. Бајковитите песочни плажи, оризовите полиња или љубовната прегратка на слоновите од нивниот одмор на далечниот Бали, беа на насловните на „непристрасните“ портали….
…Додека макеноските деца, да не донесоа слонови во скопската ЗОО, слон можеа да видат само на слика. Меѓу другото и на оние од фотографиите од егзотичните дестинации на кои престојуваат децата на кланот Заеви!
Ќерката на премиерот пак, Александра Заева, како да се натпреварува со помалата братучетка Ева, која повеќе ќе потроши! Последните постирани фотографии од цариградската екскурзија на Александра Заева и нејзиното момче Иван осамнаа на порталите…
Повторно на oние – „објективните“ се разбира, кои се воодушевени од туристичката тура во Истанбул на убавата Александара, која овој пат ја обзнанија и македонските, ама и некои од албанските портали!
А ќерката на Заев може да им испорача цел албум со фотографии од егзотичните дестинации на кои ги троши парите на фамилијата: Будимпешта, Прага, Карлови Вари, швајцарските алпи, Атина, Виена, Пиза… За да имаат материјал за цел месец.
Всушност, толку, колку што децата на Заеви можат да потрошат шетајќи по светот, нема место на насловниците на „независните“ медиуми! Впрочем, како ние останатите поинаку ќе знаеме дека навистина дојде живот?