Големата српска актерка Милена Дравиќ на 79 години почина сношти во Клинички центар во Белград.
Милена Дравиќ почина две години по смртта на нејзиниот сопруг Драган Николиќ.
Таа е една од најголемите актерки во Србија и поранешна Југославија.
Во актерската кариера снимаше 90 филмови, а нејзини најпознати улоги се во филмовите „„Утро“, „Козара“, „Битката на Неретва“, „Работа на одредено време“, „Татко на службен пат“, „Секула повторно се жени“, „Не е лесно со мажите“, „Зона Замфирова“…
Позната е и по култните серии „Театар во куќа“ и „Луд, збунет, нормален“.
Со својот трет сопруг и колега Драган Николиќ од 1972 до 1974 година ја водеше популарната шоу програма „Образ покрај образ“.
Милена Дравиќ е добитник на наградата за најдобра споредна женска улога на Канскиот филмски фестивал, на специјалната филмска награда „Златна роза“ на Венецискиот филмски фестивал, како и на најпрестижните српски награди за целокупниот придонес кон југословенската и српската кинематографија.