Промотер

Димитар и „Тајфата“ на нивните „Стари добри времиња“ од макфестовската балада им дадоа визура (ВИДЕО)

Димитар и „Тајфата“ на нивните „Стари добри времиња“ од макфестовската балада им дадоа визура (ВИДЕО)

Новата песна на Димитар Андоновски и „Тајфата“, со која тие се претставија на годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2018“, доби и своја екранизација. Станува збор за темата насловена „Стари добри времиња“, дело на веќе редовните соработници на оваа музичка екипа, македонските хитмејкери  – Лазар и Магдалена Цветкоски. 

„Ова е песна што е направена во еден здив и многу емоции. Многу сум среќен што мојата нова видео-продукција ’Дас продакшн’, за која допрва ќе се дознава, заедно со моите соработници и партнери Сергеј Светозарев и Андреј Цветановски, го изработија видеото на песната. Им се заблагодарувам на сите останати соработници – Андреј Папаз Ѓоргиевски за прекрасниот стајлинг, актерите Томе Станковски и Марија Кондовска кои ни го разубавија видеото, како  и Милена Северкоска и студио ’Винтиџ мејк-ап’“ – напишал Димитар  Андоновски споделувајќи го видеото за оваа макфестовска балада.

Иако не успеа да освои некоја награда на фестивалот, сигурни сме дека има огромен потенцијал да остане песна за сите години и да го добие епитетот една од оние вечни фестивалски теми или поточно макфестовски евергрин.

Како изгледаат и звучат „Старите добри времиња“ на „Тајфата“ и Димитар Андоновски дознајте во продолжение.

To top