Дара – „Бубамара“ е во кампања. Со нова фотосесија ја најавува новата песна која најверојатно ќе носи наслов „Новата јас“. Затоа цицлестата Даринка комплетно ги сменила и изгледот и имиџот: Долга, испеглана, сребренесто-руса коса, исчешлана со патец на средина, препознатлива шминка, бело боди и баеги килограми помалку…
„Новата јас“ на фотографиите од новата фотосесија неодоливо потесетува на старата добра Јелена Карлеуша. По се изгледа откако се смирија и ги закопаа „воените секири“, Дара како да е опседната со Карлеуша.
Не е познато како ќе звучи новата песна – „Новата јас“ на Дара, ама затоа знаеме како ќе изгледа новата „Бубамара“: плукната на поатрактивната, посексапилната и веројатно попопуларната колешка… Дара би да е Карлеуша?! Или само така ни се чини?