Фолк пејачката Елена Велевска реши да го смени правецот во музиката, а богами и сајлингот. Како што и самата изјави, пејачката се враќа на времето кога беше популарна со песните „Невина“, „Наркотику мој“, „Луда и перверзен“.
Освен тоа, Елена внесе малку свежина и во физичкиот изглед, па таа си го смени имиџот, но и фризурата. Елена ставила надградба на косата, долга до нејзиниот задник, а се решила и за малку провокативно издание, во светликав корсет со реси.