Според најновите истражувања, Ким Кардашијан Вест е најопасното име кое можете да го пребарате на Интернет.
Како што пренесува „Harper’s Bazaar“, компанијата „McAfee “, која се грижи за безбедноста на интернет, ги дала на анализирање резултатите од пребарувањето од разни интернет пребарувачи.
Она на што особено обрнале внимание, се линковите кои водат до потенцијални интернет страници со вируси. Интернет хакерите обично се служат со имиња на најпознати славни личности, за да ги измамат корисниците и да ги доведат до страница преполна со вируси.
Прва на листата од ѕвездите кои се најопасни за пребарување е Ким Кардашијан Вест, а после неа следат Наоми Кембл и Кортни Кардашијан.