Киборг, култното име на македонската сајберпанк музичка сцена кое во музичката архива се запишува и како првиот индустријал бенд во Македонија, по 20 години се враќа на сцената и тоа со концерт кој ќе се одржи на 2 декември во Младинскиот Културен Центар во Скопје! Со овој потврден настап во живо, „Киборг“ ја збогатува програмата на ПИН музичката конференција и шоукејс фестивал, организирана во рамките на Таксират!
Киборг започнуваат кон крајот на минатиот век – летото ’95 во Скопје.
Многу луѓе минуваат низ бендот, но поради раната фаза на трансплантација, се појавија проблеми со инфекции, отфрлање на делови и силни воспаленија.
По многу жртви, конечната постава беше дефинирана.
Направија неколку свирки, фестивали и се разбира, последнато шоу во ’96 со „Young Gods“, кое им обезбеди место во музичката историја.
Во 1996 година издаваат лимитирана касета со 6 песни.
По 20 години, истите членови повторно се собраат за да продолжат со својот изворен сајберпанк, да проповедаат малку и се забавуваат …
Киборг се: Дарко Јаневски – вокал, Перо Стефановски – гитара, Горан Атанасов – тапани, Влад Каевски – клавијатури.