Oткако се појави на музичката сцена, Марија Шерифовиќ е препознатлива по својот глас, но и по својот стил кој го негува со години.
Кратка коса и опуштено издание, секогаш се дел од стајлингот на Шерифовиќ.
На Инстаграм, Марија објави фотографија и покажа како некогаш изгледала со поразлична фризура.
„Имам фризура и имам лента за коса“, напиша Марија.
Но, исто така на фотографија е и нејзината стрина Марија, а Шерифовиќ во описот додаде:
„Во Србија има две Марија Шерифовиќ“ , се пошегува пејачката.