Популарниот српски фолкер и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ е познат како голем „немирко“. Но, понекогаш „глумењето лудило“ завршува фатално, па покажувајќи го „фраерлукот“ во очите на публиката наместо „фраер“ изгледа смешен!
Така беше и овој пат, кога на едно од снимањата на емисиите на “Ѕвездите на Гранд“, Лукас сакајќи да се перчи, само се посрамоти. Имено, пејачот не ретко го гледавме како член на жирито, како ги качува нозете на масата, и така дели совети.
Арно ама, при тоа сакајќи и да се клацка лево десно, столчето кое е на тркалца, му се лизна под него, па Лукас изгуби рамнотежа и со кренати нозе во вис, се најде на подот.
„Фраерлукот“ на Лукас заврши со подсмев, зашто публиката „пукна од смеење“ на овој негов глупав и непромислен потег, со кој само се обрука!