Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ во март следната година ќе станат родители на нивното прво дете односно момче.
Пријовиќ беше гостинка во една емисија на Гранд, а воедно тоа е нејзино последно појавување до породувањето.
Александра во емисијата ексклузивно откри дека детето ќе се вика Александар.
Пријовиќ откри дека името го одбрал Филип.
„Името го предложи Филип, а јас со воодушување прифатив“, изјави пејачката.